Чоколадото има бројни здравствени бенефити.
Веројатно веќе сте чуле дека има бројни придобивки од чоколадото.
Покрај фактот дека оваа храна може да ја подобри работата на срцето и да го подигне нивото на енергија, научниците открија дека какаото содржи состојки кои имаат подобри ефекти врз кашлицата отколку одредени лекови против воспаление на грлото.
Имено, во студија во која учествувале 163 пациенти, се покажало дека испитаниците кои користеле лек базиран на какао лекувале иритации во грлото побрзо и кашлале помалку од оние кои консумирале стандардни сирупи и други лекови против кашлица.
Исто така, чоколадото може да биде одличен аналгетик.
Рецепторите за болка реагираат многу побавно додека јадеме чоколадо.
Жените, особено кога се во ПМС, обично јадат чоколадо бидејќи содржи хормон на среќа – ендорфин, а со тоа ја намалуваат вознемиреноста.
Секако, треба да се има предвид дека овој позитивен ефект може да доведе до дебелеење и дека треба да се ужива во чоколадото, но во умерени количини.