Искреноста во некои случаи може само да и наштети на врската.
Иако искреноста треба да биде основа на секоја врска, особено емотивна, во некои случаи вистината треба да ја чувате само за себе.
Сузан Винтер, советник за парови од Њујорк, тврди дека неверството не треба да му се признае на партнерот од една причина, а тоа е заштита, односно неверството треба да го чувате за себе за да го поштедите партнерот од болното знаење дека е измамен.
Вистината понекогаш може да донесе само поголеми проблеми, а не олеснување.
– Вашето ослободување од вината доаѓа на наплата кај партнерот кој е изневерен. Иако искреноста всушност е обележување на интимна блискост, има случаи кога ослободувањето на себе води до сурови и непотребни информации кои само го оптоваруваат вашиот партнер – објаснува Сузан и додава во која ситуација неверството треба да се премолчи.
– Ако сте го изневериле партнерот додека сте биле во алкохолизирана состојба, размислете двапати пред да ја раскажете „авантурата“ на која едвај се сеќавате следниот ден. Исповедта може да ви донесе само зло, ништо добро. Посветете се на умереноста и научете ги своите граници – советува Сузан, која потоа нагласи дека неверството треба да се признае доколку се работи за вистинска афера.
– Тоа бил избор што сте го направиле неколку пати и ја пренасочивте вашата љубов и сексуална желба кон друга личност. Таквото однесување укажува на проблем што постои во вашата врска или во вас.
Покрај тоа, Сузан сугерира да се консултирате со терапевт пред каква било важна одлука, со цел да ви помогне да комуницирате со вашиот партнер и да ги решите проблемите што се вон рамнотежа, пренесува „Yahoo Lifestyle“.