Дали наскоро не чека апче како превентивен лек против КОВИД-19?

28 септември, 2021
апче

Фајзер истражува превентивен лек против КОВИД-19

Фајзер објави дека започнале сеопфатно клиничко испитување на својот лек против корона за да ја тестира неговата способност превентивно да го намали ризикот од инфекција во животната средина на заразено лице.

Неколку компании, вклучувајќи ги „Merck“ и „Roche“, работат на такви лекови наречени антивирусни лекови.

Тие делуваат со спречување на размножување на вирусот. Нивната примена би била двојна: да им се овозможи на пациентите да немаат тешки симптоми и во исто време да го спречат развојот на симптомите кај лица кои биле во близок контакт со пациентот.

„Во случај на позитивни резултати, сметаме дека лекот ќе помогне да се запре вирусот во многу рана фаза – пред да може силно да се реплицира – со спречување на потенцијално симптоматски случаи на болеста кај оние кои биле изложени на него и забавување на почетокот на инфекција кај други”, рече Мајкл Долстен, научен директор во Фајзер.

– Таквиот пристап може да се комбинира со вакцините против ковид, додаде тој.

Лек во таблети

Овој лек, наречен „PF-07321332“, треба да се произведува во форма на таблета што се зема со чаша вода. Втората од трите фази на клиничкото испитување ќе вклучи повеќе од 2.600 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Едните ќе го земаат лекот двапати дневно во период од 5 до 10 дена, а другите ќе добијат плацебо. Лекот веќе е тестиран на десетици луѓе за да се докаже дека не е опасен по здравјето.

За секој што е веќе заразен, овој лек ќе биде особено ефикасен во првите денови на инфекција, пред вирусот да се размножи во голема мера.

Лекот на Фајзер, за разлика од конкурентите, не е добиен со адаптација на друг лек, туку е развиен специјално за САРС-КоВ-2. Сепак, ќе се користи во комбинација со „ниска доза“ на ритонавир, лек против ХИВ.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris