Дали некогаш сте ја забележале оваа грешка? Пронајдена нова нелогична сцена во „Пријатели“!

popara29 мај, 20211min0
PRIJATELJI-1-660x450

Повторното собирање на актерите од култната серија „Пријатели“ по којзнае кој пат ги актуелизираше нивните стари епизоди. Додека помладата генерација шегите од серијата ги смета за застарени, некои бараат грешки и нелогичности, кои во „Пријатели“, рака на срце, имаат напредок.

До повеќето од „грешките“ дојде при префрлување на сериите од формат во кој е снимен (4:3) во формат во кој се емитува програмата денес (16:9). Некои досега скриени агли се јасно видливи во серијата, па гледачите неодамна во неколку сцени забележаа дека наместо главните актери да седат на популарниот кауч на кафулето Централ Перк, седат нивните двојници.

Нова нелогичност беше пронајдена во пилот епизодата, чија премиера беше во 1994 година. Популарната Фиби, која ја игра актерката Лиза Кудроу, разговара со Рејчел (Џенифер Анистон), по што, буквално истата секунда, се појавува во друг дел од станот, како дел од реакцијата на сопствената шега.

Со текот на годините, серијата ги забележа и оние нелогичности кои немаат никаква врска со несреќното претворање во „поширок формат“. Бројот на станови во кои живееја се сменија како и годините кога се запознаа, но целата оваа незгодност не влијаеше на популарноста на ситкомот, кој благодарение на специјалната „Пријатели: Обединување“ на HBO влегува во друга ренесанса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma