Амал Клуни, познатата адвокатка и сопруга на актерот Џорџ Клуни, по долгата медиумска пауза, повторно заблеска на црвените теписи ширум светот.
Адвокатката Амал Клуни не гостуваше на црвениот тепих повеќе од една година, а многумина се прашуваа која е причината за нејзиното отсуство од медиумите. Иако се шпекулираше за бременост, Амал одлучи да им застане на патот на гласините и се врати на патот на стариот гламур поубава од било кога.
Имено, Амал, придружувана од сопругот Џорџ Клуни, присуствуваше на премиерата на филмот „Тендер бар“ во Лондон.
Како и секогаш, таа покажа дека не греши кога се во прашање комбинациите за црвениот тепих, а моделот што го носеше за оваа пригода беше сошиен специјално за неа.
Фустанот без прерамки, со низа дискретни светки, во прекрасна нијанса на бела, долг до подот, неодоливо потсетува на венчаница, а деталите во форма на пердуви на ракавите придонесоа за „wow“ ефектот. Таа го усогласи уникатниот фустан со кремасти сандали и сребрени обетки, додека елегантните кадрици беа најдобар избор за фризурата.
Иако и Џорџ изгледаше многу елегантно, целото внимание беше насочено кон неговата поубава половина.