ДАЛИ ОВА ЌЕ ГО НАРУШИ ОДНОСОТ? Опра одби да биде кума на ќерката на Хари и Меган

20 јуни, 2021
oprah

Не го очекувавме ова…

Дури и птиците на гранката знаат за посебната врска помеѓу американската водителка Опра Винфри и поранешната кралска двојка, принцот Хари и Меган Маркл. Откако донесоа одлука да го напуштат семејството и да се преселат во САД пред повеќе од една година, Опра беше меѓу првите што им понуди рака за пријателство и поддршка. На почетокот на оваа година, таа дури направи и одлично интервју со нив во кое беа откриени многу мрачни тајни на кралското семејство. Со оглед на сè што преживејаа заедно, никој не го очекуваше овој нејзин потег. Имено, Опра одби да биде кума на неодамна родената Лилибет Дијана.

meghan markle oprah winfrey

Славната водителка ги коментираше гласините во интервју за Entertainment Tonight и истакна дека таа е добра пријателка со парот кој живее покрај неа во Калифорнија. „Не мора да бидам кума. Јас автоматски сум кума. Јас сум сосетка, пријателка и сè, мислам дека им треба некој помлад за кума’, рече Опра и со тоа ги изненади сите што го следат ова трио. Меѓу другото, таа призна дека и се допаѓа името што парот и го даде на својата ќерка, како и дека планира да им испрати специјален подарок за Денот на таткото.

meghan markle, princ harry

Патем, за кумовите на нивното мало девојче започна да се зборува веднаш штом се роди Лили. Експертите истакнуваат дека војводата и војвотката од Сасекс би можеле да побараат кумство од нивните славни пријатели како Серена Вилијамс, Кети Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Дејвид Фостер, Катарин Мекфи, Амала Клуни или Пријанка Чопра. Сепак, тие истакнуваат дека Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон може да се најдат на списокот, бидејќи тоа ќе ги изедначи односите.

Да се потсетиме, 36-годишниот принц и три години постарата сопруга, по повод раѓањето на нивната ќерка, оставија кратка порака на нивната официјална веб-страница Арчвел. ‘На 4 јуни сме благословени со доаѓањето на нашата ќерка Лили. Таа е повеќе отколку што некогаш би можеле да замислиме, а сепак сме благодарни за љубовта и молитвите што ги чувствуваме од целиот свет. Ви благодариме за вашата љубезност и поддршка во ова многу посебно време за нашето семејство“, гласи емотивната порака на парот.

escort - Korsan taksi