Британскиот акцент на водителката беше проблем за актерката, што го отежнуваше разбирањето на некои прашања
Џенифер Анистон (52) беше непријатно изненадена за време на интервјуто во емисијата „Ова утро“, бидејќи мислеше дека водителката Џози Гибсон ја праша „дали сте проститутка?“.
Британскиот акцент на водителката беше проблем за актерката, што го отежнуваше разбирањето на некои прашања.
Прашањето што предизвика најмногу проблеми беше „Are you a hugger“, што значи „сакаш да се гушкаш“, но на Џенифер и звучеше како водителката да рече „hooker“, што значи „дали сте проститутка?“.
Водителката наскоро појасни што всушност прашала, но веќе беше доцна. Рис Витерспун, која исто така беше вклучена во разговорот, не можеше да престане да се смее.
Гледачите го коментираа изразот на лицето на Џенифер на социјалните мрежи.
„Изразот на нејзиното лице кажуваше се!“, „Леле! Ова е најсрамното нешто што сум го видела“, се некои од коментарите.