Решете го тестот кога сте мирни, одморени и не очајувајте ако не можете да дојдете до решението
Тоа е логичен тест за кој се тврди дека може да го решат само 2% од луѓето.
Името го носи по славниот физичар Алберт Ајнштајн, бидејќи тој наводно го измислил кога бил момче, иако нема потврда дека тоа навистина се случило. Проверете дали припаѓате на 2% од најинтелигентните.
Совет: Решавајте го тестот кога сте мирни, одморени и не очајувајте ако не можете да дојдете до решението.
Вовед:
5 куќи се обоени во 5 различни бои и во секоја куќа живее лице од друга националност. Тие 5 сопственици пијат одреден пијалок, свират одреден инструмент и чуваат одредени домашни миленици. Ниту еден сопственик нема исто милениче, инструмент или пијалок.
Методот на Алберт Ајнштајн кој ја зголемува интелигенцијата и решава проблеми: Секој ден не правете ништо – цели два часа!
Врз основа на информациите подолу, одговорете:
– Кој ги чува рибите?
Познати податоци:
1. Британецот живее во црвената куќа.
2. Швеѓанецот чува кучиња.
3. Данецот пие чај.
4. Зелената куќа е лево од белата.
5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
6. Лицето кое свири виолина одгледува птици.
7. Сопственикот на жолтата куќа свири пијано.
8. Сопственикот на средната куќа пие млеко.
9. Норвежанецот живее во првата куќа.
10. Човекот што свири на труба живее покрај оној што има мачиња.
11. Човекот кој држи коњи живее покрај човекот што свири пијано.
12. Сопственикот кој свири хармоника пие пиво.
13. Германецот свири на гитара.
14. Норвежанецот живее покрај сината куќа.
15. Човекот што свири на труба има сосед кој пие вода.
Постои само едно решение што ги исполнува сите горенаведени барања!
Одговорот и постапката што води до решението можете да ги видите на видеото подолу: