ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ПРАВИЛОТО 50/70? Станете КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ и освојте го секој маж

popara3 јули, 20211min0
10841-flert

За да станете мајсторка на заведувањето, треба само да го научите ова правило

Додека флертувањето изгледа како едноставна идеја, понекогаш едноставно не е лесно да се направи првиот чекор кога ни се допаѓа некоја личност. Постојат луѓе кои се добри во додворувањето, додека други се „смотани“ во такви ситуации и не знаат како правилно да му дадат до знаење на мажот дека ги привлекува.

Затоа ви носиме една финта што ќе го олесни флертувањето. И кога ќе ја пробате, ќе видите дека е исто толку ефикасна. Тара Филдс, автор на „The Love Fix“, им открива на жените дека не им требаат нападни тактики или извежбани техники за да го заведат мажот што им се допаѓа.

Имено, таа посочува дека е поважно да оставите впечаток на природна личност, и да му дадете до знаење на мажот дека сте заинтересирани. Ова ќе го постигнете со помош на правилото 50/70.

Што е правило 50/70?

Иако на прва топка звучи како некоја математичка формула што треба да се реши, всушност станува збор за свесен контакт со очите.

Имено, студија од 2012 година спроведена од истражувачи од Универзитетот во Мичиген, покажа дека насочените погледи кон партнерот можат да бидат сигнал за интерес и доверба. Особено, тоа би значело да му дадете на човекот до знаење не само дека ви се допаѓа физички, туку и дека сте подготвени да разговарате.

Како функционира?

Според ова правило, за да може флертувањето да биде успешно, и да се добие рамнотежа помеѓу довербата и интересот, во текот на разговорот треба да го гледате мажот во очи 50 проценти од времето додека зборувате и 70 проценти од времето додека го слушате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma