Лекарите објаснуваат дека повредата на грлото на цервиксот – грлото на матката главно се должи на недоволна возбуда на жената, а дамите честопати не се ни свесни за тоа.
Според нив, при сексуално возбудување, грлото на матката станува поголемо и се крева околу сантиметар кон матката. Ако жената не е доволно возбудена, тоа останува ниско за време на сексот, што може да го оштети грлото на матката.
Покрај тоа, оваа повреда може да се појави непосредно пред крајот на менструалниот циклус на жената, а причината е логична: тогаш грлото на матката е потврдо и поблиску до вагината. Лекарите тврдат дека повредата предизвикана на овој начин може да биде многу непријатна.
Најчестите симптоми што се јавуваат се грчеви, крварење и често болка при сексуалниот однос и во долниот дел на стомакот. Во случај никој од овие симптоми да не е изразен, не треба да паничите бидејќи повредата ќе помине сама по себе со текот на времето. И обратно, ако ја имате оваа повреда, земете лекови против болки и избегнувајте сексуални односи во следните 24 часа. За да се спречи овој вид модринки, лекарите советуваат да се продолжи предиграта на 20 до 30 минути.