Постои природно решение за студените раце и нозе.
Ако рацете и нозете ви се постојано студени, без разлика дали е зима или лето, тоа е знак дека имате слаба циркулација. Лошата циркулација може да биде наследна, и може да биде предизвикана од нередовна и неправилна исхрана, како и недостаток на физичка активност.
Покрај лекови, за слаба циркулација може да се користат и билки, кои може да помогнат кога станува збор за овој проблем.
Рузмарин
Една од нив е рузмаринот, кој најчесто се користи како пијалок во народната медицина.
Сепак, чајот од рузмарин може да се користи и за правење облоги.
Доволно е да варите една лажица листови од рузмарин во 150 мл вода две минути, а потоа да процедите. Потопете памук или крпа во чајот и завиткајте го околу дваесет минути. Овој третман е најефикасен пред спиење.
Ѓумбир
Ѓумбирот може да помогне и при слаба циркулација бидејќи неговите состојки ги шират артериите и со тоа ја подобруваат циркулацијата.
Неопходно е да се стават две лажички свеж или една лажичка сушен ѓумбир со чаша врела вода, да се промеша и да се излади малку. Овој пијалок треба да се пие двапати дневно.
Лук
Третиот природен лек за слаба циркулација е лукот. Покрај тоа што го намалува високиот крвен притисок, лукот ги шири крвните садови и го загрева телото. Исчистете и изгмечете 350 грама лук, потоа истурете во стаклена тегла и полијте со 300 мл алкохол.
Затворете го добро и чувајте на темно и ладно место, но не во фрижидер.
По десет дена, испасирајте го талогот, а потоа процедете низ четири слоја памучна газа. Следните три дена, овој пијалок треба да стои на истото место, а потоа да го пиете три пати на ден (од 5 до 25 капки).