Без оглед колку време поминувате на отворено во текот на летото, големи се шансите дека подолгото изложување на сонце ќе резултира со добро позната изгореници .
Но, не грижете се, постои голема шанса веќе да имате дел од храната во вашата кујна што може да помогне во ублажување на црвенилото. Подолу ќе дознаете кои 5 намирници се наоѓаат на нашата листа на природни лекови за изгореници.
Краставици
Летото е сезона на краставици, па следниот пат кога ќе се најдете во продавница купете уште неколку парчиња за да ги олесните (можните) изгореници. Краставиците имаат посебни својства кои се со ист квалитет како и купените препарати за ублажување на изгорениците, но за разлика од нив тие не содржат никакви хемикалии. Едноставно испасирајте една краставица и нанесете ја директно на кожата.
Овесна каша
Иако овој природен лек може да биде малку застарен, тој сепак е ефикасен. Сварете ја овесната каша, но користете малку повеќе вода отколку што е потребно за да добиете водена мешавина. Откако ќе се излади нанесете на погодените области, но не тријте за да не ја влошите состојбата. Друг начин е да додадете мелен овес во купката.
Компири
Скробот од компир е вистински спасител во вакви ситуации. Едноставно исечете го суровиот компир на тенки парчиња и истријте го изгорениот дел од кожата – скробот ќе го олесни чувството на печење. За веднаш да ги ослободите потешките изгореници од сонце, подгответе мешавина од компири и нанесете ја како облога – ова ќе му овозможи на скробот да оствари подобар контакт со вашата кожа.
Обезмастено млеко
Целта на млекото е да се создаде слој на протеини преку изгореници (дел од кожата на кој му недостасуваат протеини по долго изложување на сонце). Може да користите било каков вид млеко, но обезмастеното млеко има поголем однос на протеини и маснотии, што го прави поефикасно. Едноставно, натопете ја крпата во малку поладно млеко (но не премногу ладно) и држете ја на кожата 15-20 минути.
Јагоди
Јагодите не само што се вкусна сезонска храна, туку се одлични за ублажување на изгореници благодарение на танинот (состојка што може да се најде и во чајот). Изгмечете неколку зрели јагоди, нанесете ја на погодената област на кожата и исплакнете ја по неколку минути.