Актерот Даниел Крег доби sвезда на Холивудската патека на славните, неколку дена пред почетокот на прикажувањето на последното продолжение на Џејмс Бонд во САД.
Розовата sвезда на актерот е 2704 –та по ред на Булеварот на славните и пред адресата Холивуд булевар 7007, и е поставена веднаш до ѕвездата на покојниот Роџер Мур, кој го играше Бонд во седум филмови од 1973 до 1985 година.
„Апсолутна чест ми е да чекорат по мене во Холивуд“, рече Крег.
– Фактот дека сум опкружен со сите овие легенди на овој плочник ме прави многу, многу, многу среќен човек – рече тој.
Продуцентите на филмот, Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон, заедно со Рами Малек, кој го глуми негативецот Сафин во „No Time to Die“, беа на церемонијата на посветување на sвездата.
Следниот ангажман на Крег ќе биде играњето на Шекспировиот Магбет на Бродвеј во март следната година.