Без разлика дали сакате да изгубите тежина или да ја одржите тежината, тешко е да одолеете на уживањето во омилената храна…
Меѓутоа, постојат одредени намирници што можете да ги конзумирате без страв дека ќе се здебелите.
Ако често сте гладни помеѓу оброците, можете да јадете една од понудените намирници: една белка од јајце содржи само 17 калории. Дури и ако следите строга диета, можете да јадете колку што сакате.
Сто грама зелена салата содржи помеѓу 10 и 20 калории, додека сто грама краставица содржи само 16 калории бидејќи главно се состои од вода.
Повеќето луѓе мислат дека пуканките припаѓаат на групата храна која само дебелее, и веќе долго време се на листата на несакани грицки, но сто грама пуканки содржат само 31 калорија.
Листата на нискокалорична храна вклучува целер, домат, грејпфрут, брокула, портокали, јагоди, модри патлиџани, цвекло …
Значи, храна без маснотии:
- Овошје и зеленчук (по можност свежо, можеби варено)
- Млечни производи со малку маснотии (јогурт, кефир, кисело млеко, младо сирење)
- Посно месо: риба (по можност морска храна), живина без кожа, телешко …
- Наместо цели јајца, изберете белки
- Производи од цели зрна