ДЕЈВИД ШВИМЕР КОНЕЧНО ГО ОДВРЗА ЈАЗИКОТ: Актерот се огласи по гласините дека е во врска со ЏЕНИФЕР АНИСТОН

12 август, 2021
2675875_prijatelji_ls

Неодамна се појавија гласини дека Џенифер Анистон и Дејвид Швимер, кои ги играа Рејчел и Рос во серијата Пријатели, се зближиле и во реалниот живот.

Prijatelji, Dejvid Švimer

Меѓутоа, Дејвид преку својот портпарол ги отфрли тие шпекулации. Тој рече дека не е точно дека е во врска со Џенифер, пишува „Page Six“.

Да се потсетиме, извор близок до актерите откри за списанието „Closer“ дека по специјалната епизода на „Пријатели“, тие почнале да поминуваат многу време заедно.

Dženifer Aniston

– По собирот, стана јасно дека размислувањето за минатото ги разбуди чувствата кај двајцата и дека хемијата што ја чувствуваа е се уште присутна. Наскоро почнаа да се допишуваат, а минатиот месец Дејвид отиде да ја посети – рекол извор за списанието „Closer“.

Според изворот, тие времето го поминувале во домот на Џенифер Анистон.

Dejvid Švimer, Dženifer Aniston

– Видени се и како пијат вино во едно од нејзините омилени лозја во Санта Барбара. Очигледно беше дека меѓу нив има силна хемија – додаде изворот.

За време на снимањето на специјалната епизода „Пријатели“, актерите признаа дека биле вљубени еден во друг, но дека немало ништо меѓу нив и дека сите свои емоции ги преточиле во ликовите што ги играа.

Dzenifer Aniston, Pol Rad
escort - Korsan taksi