Актерката Деми Мур предизвика вистински хаос на Instagram објавувајќи фотографија во бикини, без Фотошоп, филтри, доработки.
Убавата актерка (58) се пофали дека ужива на море, а потоа објави две фотографии. „Се подготвувам за уште еден ден во овој рај”, напиша Деми и за неколку часа собра скоро 250.000 лајкови.
На фотографијата нема филтри или доработки, бидејќи на актерката јасно можат да ѝ се видат стриите над долниот дел од костимот за капење, што е сосема нормално за жена која родила три деца.
Следбениците коментираат колку е убава без шминка, како и фактот дека нејзината витка линија на крајот на 6-та деценија е повеќе од совршена.