Денес, светот го слави Светскиот ден на сладоледот, кој е прогласен во САД пред 33 години.
Приказната за сладоледот започнува во Кина, каде што направиле мешавина од мраз и млеко на кралските дворови и добиле задоволство кое се смета за претходник на денешниот сладолед.
И античките Римјани уживале во шармот на сладоледот, па римскиот император Нерон измешал снег и мраз донесени од планините, со овошни сокови и сецкани овошја и добил мешавина слична на денешниот сладолед.
Арапите го донеле во Европа и пристигнале во англискиот двор во 17 век. Кралот Чарлс Втори бил толку воодушевен од студениот десерт што му платил голема сума пари на готвачот за да го чува рецептот во тајност.
Индустриското производство започнало во Америка во средината на 19 век, кога била измислена првата машина за сладолед.
На почетокот на 20 век почнаа да се појавуваат разни форми на сладолед – прво корнет, па сладолед на стапче.
Познатата британска премиерка, „Челичната Лејди“, Маргарет Тачер, ја започна својата кариера наоѓајќи хемиско соединение што се додава во сладоледот за да стане кремаст.
Најскапиот сладолед на светот чини 25 000 долари, а со тоа чоколадно благо добивате златна нараквица со дијаманти.
Прославата на Денот на сладоледот ја предложи пред 33 години американскиот претседател Роналд Реган.