Денес требаше да го прослави 40. роденден: Македонија и регионот се СЕЌАВААТ НА ТОШЕ

25 јануари, 2021
tose

Денеска изминуваат 40 години од раѓањето на најголемата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Пејачот кој никогаш нема да биде заборавен беше роден на 25 јануари 1981-та година во Прилеп.

Кариерата ја започна многу млад, а со мега популарност се стекна за само неколку години. Во краткиот период на слава тој ги полнеше сите регионални концертни сали, а во Македонија ќе биде единствениот кој неколку пати го наполни градскиот стадион во Скопје.

Додека беше жив родендените ги прославуваше со своите блиски пријатели и колеги, а често по прославите завршуваше и на насловните страници на магазините и весниците.

Таков беше и неговиот роденден кога доби и торта во форма на автомобил буба.

Тоше замина без да му се исполнат неговите најголеми желби според многумина тоа се, да стане светска ѕвезда и да оствари семејство.

Тој загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска на 16 октомври 2007 година на само 26 годишна возраст.