Уште од филмот „Три метри над небото“, Марио Касас важи за еден од најголемите заводници
Шпанската филмска и телевизиска sвезда Марио Касас деновиве е на одмор, ги полни батериите за нови снимања и се одмара со своите пријатели.
Актерот редовно објавува фотографии на својот Инстаграм профил, за да можат неговите следбеници да останат во чекор со неговиот деловен и приватен живот, но овој пат тој особено го израдува понежниот пол:
Поради потребите на новиот филм, Марио ја пушти косата, но сè остана на свое место.
Извајаното исончано тело на младиот актер предизвика лавина коментари на социјалните мрежи и уште еднаш потврди зошто тој постојано е рангиран меѓу најубавите мажи на светот.