Диетата кето е совршена за време на пандемија: Еве зошто лекарите нè советуваат да јадеме вака!

27 јануари, 2021
мето

Кето диетата е диета со малку јаглени хидрати и масти. За да постигнете позитивни резултати, за време на оваа диета треба да јадете многу малку јаглехидрати, висок степен на здрави масти во исхраната и умерено количество протеини.

Кога ќе го лишите телото од јаглехидрати, тогаш ќе го доведете до таканаречената кетоза. И кога тоа ќе се случи, телото почнува да согорува маснотии, црпејќи многу енергија.

Кето диетата може да го намали шеќерот во крвта, нивото и инсулинот и да ви овозможи да изгубите тежина.

Оваа диета се состои од:
75% масти
20% протеини
5% јаглехидрати

Со ваквата исхрана телото влегува во кетоза што пак значи дека телото како гориво наместо јаглехидратите ги согорува мастите.

Мастите, протеините и јаглехидратите се нарекуваат макронутриенти. За да се влезе во кетоза најпрво треба да знаете дека:

1 грам масти содржи 9 калории
1 грам протеини содржи 4 калории
1 грам јаглехидрати содржи 4 калории

Доколку внесувате 2000 калории на ден, би значело дека треба да внесете 167 гр. масти, 100гр. протеини и 25гр. јаглехидрати.

Еве како полесно да пресметате колку макронутриенти треба да внесете:

Масти
2000 калории x 75% масти = 1500калории
1500 калории : 9 калории на грам = 167 грама масти

Протеини
2000 калории x 20% протеини = 400 калории
400 калории : 4 калории на грам = 100грама протеини

Јаглехидрати
2000калории x 5% јаглехидрати = 100 калории
100 калории : 4 калории на грам = 25 грама јаглехидрати

Намалениот внес на јаглехидрати и зголемениот на здрави масти ќе му помогне на вашето тело да влезе во кетоза. Ова е физичка состојба каде телото произведува кетони за енергија и топи масти како гориво. Состојбата на кетоза оди во прилог на губењето на телесна маса и затоа се повеќе луѓе се придржуваат кон оваа диета.

Влегувањето во кетоза е клучен момент во оваа диета. Доколку ги намалите јаглехидратите драстично и внесувате кето додатоци во исхраната ќе навлезете во кетоза. Откако ќе се адаптирате на внесувањето доволно масти, за уште подобри резултати се препорачува постење 16:8 (што значи сите калории ги внесувате во текот на 8 часа, а останатите 16 не внесувате храна).

Доколку сакате да дознаете дали сте во кетоза тоа може да се испита преку присуство на кетонски тела преку крвна слика или урина. Зависно од диетата, физичката активност, брзината на метаболизмот, генетиката и слично, влегувањето во фаза на кетоза може да трае од неколку дена до неколку недели.

escort - Korsan taksi