Поради страшната грешка што ја направила, пред да се сонча, девојката одлучи да ги предупреди и другите!
Долгиот престој на сонце може да доведе до сериозни изгореници на кожата, поради што воопшто не се препорачува. Сепак, друга грешка може да биде причина за изгореници, како што беше убедена оваа девојка по име Хана, која објави сè на ТикТок.
Имено, таа направила пилинг на кожата пред да се сонча, а потоа покажа како изгледаат нејзините нозе – црвени, отечени, со страшни изгореници.
„Не правете пилинг пред сончање, освен ако не сакате изгореници од втор степен“, напиша таа во видеото.
Видеото покажува дека кожата на нејзините нозе е ужасно црвена, изгорена, а на една од фотографиите Хана е во болница.
@user505691303719 PSA: don’t exfoliate before going into the sun unless you want 2nd degree burns😅 #fyp
♬ Oh No – Kreepa
Со пилингот, мртвите клетки се отстрануваат, кои инаку служат како бариера на кожата.
„Пилингот го отстранува финиот заштитен слој на површината на кожата, правејќи ја поранлива, особено кога станува збор за УВ зраците“, предупредува дерматологот д-р Гитика Митал Гупта.
Затоа, запомнете, никогаш не правете пилинг пред сончање и не заборавајте да ставите заштитна крема!