ДОБРО СТИЛИЗИРАНА ЖЕНА ВО СВОИТЕ 50-ТИ СЕ ОБЛЕКУВА ВАКА: Треба да ги примените овие 7 правила што побрзо! (ФОТО)

28 февруари, 2021
221195_nnn_ls

Ако ги следите овие 7 златни правила, ќе бидете беспрекорно стилизирани во секое време

Во 20-тите и 30-тите години, жената може да експериментира и да менува стилови, сепак, по нејзиниот 50-ти роденден, правилата се менуваат. За да бидете беспрекорно стилизирани, секогаш следете ги овие модни упатства:

1. Носете само она што добро ви стои

Основно правило е да изберете облека според материјалот, затоа носете го само она што добро ви стои. Избегнувајте парчиња што не ѝ ласкаат на вашата градба, дури и ако се апсолутно во тренд и „сите ги носат“.

2. Долгорочни трендови

Инвестирајте пари во парчиња што се за сите времиња и кои ќе можете да ги носите долго време. Трендовите доаѓаат и си одат, додека класиците никогаш не излегуваат од мода и им изгледаат одлично на жените во нивните 50-ти.

3. Изберете неутрални бои

Трендовите се менуваат, понекогаш доминираат светли нијанси, па се заменуваат со темни. Сепак, не можете да погрешите со пастелните тонови, а белата и беж бојата секогаш ќе бидат во тренд кога станува збор за женската мода. Покрај тоа, тие изгледаат одлично кај сите жени, и ќе ви дадат доза на младешки изглед.

4. Добар крој

Премногу тесни панталони или премногу широки јакни не се одраз на добриот стил. Изберете облека што ги нагласува облините, но исто така крие недостатоци.

5. Квалитетни материјали

Дамите со стил обрнуваат големо внимание на материјалите од кои се прави облека и модни додатоци. Важно е тие да бидат квалитетни и добро обработени, а не нужно скапи. Крзно, кожа, свила, квалитетен памук, лен, вискоза се природни материјали, тие се удобни за носење и траат долго ако се одржуваат правилно.

6. Помалку е секогаш повеќе

Правилото „помалку е повеќе“ е особено точно за дамите во 50-тите години од животот, затоа не претерувајте со модните додатоци, туку изберете еден, впечатлив детал и комбинирајте според него.

7. Не купувајте било што на попуст

Ниските цени и големите попусти се „мамка“ за повеќето жени, па затоа тие често купуваат она што апсолутно не им треба или е со лош квалитет. Жената во зрели години не смее да си дозволи „ефтина“ облека.

escort - Korsan taksi