Додека целиот свет и се восхитуваше, таа минуваше низ лични трагедии и долго време се срамеше да зборува за опаката болест што ја надмина

popara25 мај, 20211min0
PCuXr-marcia-cross-620x350

Во новото интервју, Марсија Крос зборуваше за нејзината битка со аналниот рак и важноста за подигањето на јавната свест за оваа опака болест.

Актерката Марсија Крос, 58, која се прослави во сериите „Мелроус Плејс“ и „Очајни домаќинки“, откри во ноември 2017 година дека боледува од анален рак, еден од најагресивните видови на рак

Нејзината болест е во ремисија во последните две години, а актерката сега зборуваше за списанието Пипл за тешко закрепнување.

“Јас сум вистинска среќничка, но на моето тело не му беше лесно да се врати во нормала. Моето ново нормално е дека сум многу попребирлива кога станува збор за храната и подобро се грижам за себе”, изјави актерката , која за прв пат зборуваше за својата болест кога веќе ги заврши третманите со хемотерапија.

“Не планирав да станам гласноговорник за аналниот карцином. Сакав да продолжам со мојот живот и кариера. Но, како што минував низ тоа, постојано читав за луѓето кои се срамат, се кријат и лажат за нивната болест, па дури ни на докторите не им беше пријатно да говорат за тоа “, се присетува актерката на која потоа и стана мисија да го смени јавниот дијалог за аналниот карцином, за да се чувствуваат барем малку попријатно оние кои страдаат од него

“Јас воопшто не се срамам од тоа. Јас сум голем обожавател на анусот и многу ја почитувам таа дупка што ги прави нашите животи удобни. Верувам дека дестигматизацијата е вистинскиот пат. Сите го имаме и нема од што да се срамиш “, рече актерката која и пред ракот доживеала некои лични трагедии.

Крос беше во осум годишна врска со 25-години постариот актер Ричард Џордан. Тој почина во 1993 година од тумор на мозокот и и требаше долго време да ја преболи неговата смрт.

Актерката се омажи за брокерот Том Махони во 2006 година, а наскоро откако се венчаа, Марсија отиде на вештачко оплодување. Двојката доби ќерки, близначки Еден и Савана, во 2007 година, непосредно пред 45-от роденден на актерката.

Но, две години подоцна, на нејзиниот сопруг му беше дијагностициран рак на грлото и лекарите се сомневаа дека тој е поврзан со истиот вид на ХПВ како и нејзиниот рак. Актерката истакна дека уште повеќе го цени својот живот бидејќи со сопругот се соочиле со сериозно заболување.

„Многу сум благодарна што сум жива и здрава и мислам дека ако можам да помогнам и да го дадам тој подарок на друга личност охрабрувајќи ја да направи преглед, тогаш сум направила нешто“, заклучи таа подоцна во едно интервју.

Денес таа живее тивок и затскриен живот со своето семејство, далеку од холивудскиот гламур, но одвреме-навреме се појавува во медиумите за да ја извести јавноста за болеста што ја надминала.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma