Музичарот Марк Ентони има нова девојка.
Поранешниот сопруг на латино дивата, Џенифер Лопез, пејачот Марк Ентони, се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите Billboard со нова девојка.
Тој ги изненади сите кога ја покажа својата убавица, а не требаше долго да се открие за кого станува збор.
Неговата нова избраничка се вика Маду Никола. Ја бакна пред фотографите и ја прегрна, а новопечениот како да е заљубен до уши. Марк досега ја нема спомнато својата девојка, затоа сите беа изненадени кога „осамнаа“ заедно. Патем, пејачот беше номиниран за тропски музичар на годината и песна на годината, но двете награди му ги украде принцот Ројс.
Кога станува збор за неговиот љубовен живот, Ентони се разведе од манекенката Шенон Де Лима во 2017 година по само две години брак, а со втората поранешна сопруга,Џенифер Лопез, заедно ги одгледува нивните 13-годишни близнаци, Макс и Ема,.
Двојката се разведе во 2014 година, а Лопез во последните месеци ги пополнува насловните страници на таблоидите со обновената врска со актерот Бен Афлек.
Инаку,Џенифер се заљуби во својот долгогодишен пријател Марк кратко време по ненадејниот прекин на веридбата со Бен, а потоа призна дека тој ја пружил удобноста што била потребна. Сепак, на Марк, наводно, му пречело нивното помирување, бидејќи сметал дека тоа дошло прерано по раскинувањето со Алекс Родригез. Ваквите гласини никогаш не се официјално потврдени, а двојката се уште е во добри односи.