Длабоките брчки можат да откријат проблеми со срцето и крвните садови
Резултатите од истражувањето, спроведено од француски научници од Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, укажуваат дека брчките на горниот дел од лицето може да предупредат за потенцијални проблеми со срцето и крвните садови.
– Не можете да ги видите или почувствувате факторите на ризик како што се високи нивоа на холестерол во крвта или висок крвен притисок. Ги проучувавме брчките на челото затоа што се толку едноставни и многу забележливи – вели авторката на студијата, Џоланда Ескирол. Иако докторката не наведе каква може да биде врската помеѓу тој тип на брчки и кардиоваскуларни заболувања, таа посочи дека збрчканото чело може да има врска со намалувањето на еластичноста на артериите поради акумулација на наслаги на нивните sидови.
Брчките на челото може да бидат знак за сериозна болест
Бидејќи крвните садови на челото се многу мали, тие се почувствителни на собирање, што значи дека тоа може да биде ран знак за предвремено стареење. Студијата беше спроведена 20 години, и во неа учествуваа 3.200 здрави возрасни лица кои имаа 32, 42, 52 и 62 години кога започна студијата. Секој учесник беше оценет во зависност од длабочината на брчката на челото. Бодовите се движеа од нула до три.
Утврдено е дека оние кои добиле еден поен имале поголем ризик да умрат од кардиоваскуларни заболувања отколку оние кои добиле нула поени, додека оние со два или три поени имале 10 пати поголем ризик.
Погледот на лицето на една личност може да открие потенцијален здравствен проблем, а потоа лекарот би можел да го советува пациентот како да го намали ризикот од болеста – објасни д -р Есквирол, додавајќи дека ќе има промена во животните навики, пред се исхраната и количината и видот на физичката активност
Бидејќи ова е првпат болестите на срцето и крвните садови да се поврзат со брчки, потребни се дополнителни истражувања.