Се повеќе граѓани се одлучуваат да се вакцинираат против коранавирусот
Руската вакцина против Корона вирусот „Спутник В“ (Sputnik V) го достигна второто место меѓу вакцините против Ковид-19 во Светот по бројот на земји во кои е одобрена, надминувајќи ја „Фајзер“, објавено е на официјалниот профил на руската вакцина на Twitter.
– „Спутник В“ е втора најпопуларна вакцина против коронавирусот според бројот на одобренија издадени од регулаторите. Ви благодариме за довербата! – напишаа креаторите на руската вакцина.
Светски лидер меѓу вакцините според бројот на одобренија е вакцината на британската компанија „АстраЗенека“, која досега е регистрирана во 49 земји.
Следува „Спутник В“, одобрена во 45 земји со вкупно население од над 1,2 милијарди луѓе. На трето место е вакцината на американската компанија „Фајзер“, која е регистрирана во 43 земји. Потоа следат трите кинески вакцини – „Синофарм“ (18 земји), „Синовак“ (16) и „КанСино“ (четири земји). На осмото место е вакцината „Џонсон и Џонсон“, која досега е одобрена од четири земји.