Докторите предупредуваат дека има сè повеќе докази дека КОВИД 19 ГО ПРЕДИЗВИКУВА ОВА ХРОНИЧНО ЗАБОЛУВАЊЕ

popara23 март, 20212min0
shutterstock_1746069476

Научниците велат и дека постои голема веројатност дека вирусот корона предизвикува комплетно нов вид на дијабетес, бидејќи го менува начинот на работа на клетките што произведуваат инсулин.

Постојат сè повеќе докази дека ковид-19 предизвикува сериозно хронично заболување, во сосема нова форма.

Овие набудувања се појавија откако лекарите забележаа зголемување на новите случаи на дијабетес тип 1 и тип 2 кај луѓето кои се заразиле со корона на почетокот на пандемијата. Лекарите го набудувале закрепнувањето на илјадници пациенти и нивниот заклучок е дека постои голема можност пациентот да развие дијабетес откако ќе го прележи вирусот.

Околу пет проценти, од вкупно 47 000 пациенти од Англија, развиле дијабетес по вирусот. Истражувањето на оваа тема е објавено во медицинското списание diabetesjournals.org, а се однесува на англиски пациенти испитувани во периодот од март до јуни минатата година. Истражувањата исто така покажаа дека постои голема можност дијабетес тип 1 да се појави кај деца откако ќе се прележи вирусот.

– Во споредба со податоците од која било друга година за тој период, можеме да процениме околу 12-15 нови случаи на дијабетес тип 1 за време на пандемијата, што претставува зголемување од околу 80 проценти – велат авторите на студијата, додавајќи дека, иако моментално достапните податоци, не ја докажуваат конечната врска помеѓу вирусот и дијабетесот, фактите покажуваат дека ова заболување е во пораст.

korona virus

Истражувачите исто така велат дека сè уште не можат точно да утврдат зошто се случува тоа, но тие изразуваат сомневање дека сè е поврзано со Асе-2 протеините, кои вирусот ги користи за да влезе во ќелијата. Рецепторите се наоѓаат во панкреасот, кој е одговорен за одржување на нивото на шеќер во крвта, а истражувањата исто така покажаа дека вирусот може да нападне и да се шири во клетките на панкреасот.

– Кога вирусот ќе се фати за Асе-2, нашите клетки на панкреасот не можат да ја завршат својата работа, што е ослободување на инсулин и обработка на гликозата. Можно е ова да ја забрза прогресијата кон дијабетес тип 2, ако лицето е веќе дијабетичар, или практично да предизвика дијабетес – велат истражувачите од организацијата Diabetes UK.

Научниците исто така велат дека постои голема веројатност дека вирусот предизвикува комплетно нов вид на дијабетес, бидејќи го менува начинот на работа на клетките што произведуваат инсулин.

– Собираме сè повеќе докази дека вирусот може да предизвика дијабетес тип еден или два, па дури и нова форма на дијабетес. Сè уште не знаеме многу и работиме на тоа – велат од оваа организација.

Патем, корона вирусот не е единствениот вирус што може да предизвика дијабетес. Обемното истражување претходно покажа дека ентеровирусите исто така го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 1. Ентеровирусите, како корона вирусот, имаат низа симптоми како што се треска, течење на носот, кивање, кашлање и болки во телото, а исто како и Sars-CoV-2, може да се најдат во панкреасот.

dijabetes

– Во изминатите неколку месеци, гледаме зголемен број на пациенти кои имаат развиено дијабетес за време на инфекција со корона или по закрепнувањето. Сега почнуваме оправдано да се сомневаме дека постои поврзаност меѓу тоа – вели професорот Франческо Рубино, експерт за баријатриска хирургија од Кингс колеџот во Лондон.

Луѓето кои страдаат од дијабетес обично припаѓаат на ранливата група кога станува збор за вирусот корона. Обединетите Арапски Емирати се земја која држи црн рекорд според бројот на лица кои страдаат од дијабетес, а околу 40 проценти од смртните случаи во ОАЕ минатата година беа поврзани со дијабетес.

Ендокринологот д-р Хешам Абуелсауд од Кралската болница НМЦ во Абу Даби вели дека дијабетесот на долг рок му штети на имунитетот, и дека пациентите се многу поподложни на инфекции.

– Неспецифичниот имунитет е првата линија на одбрана од каква било инфекција, особено од вирусни инфекции како што е ковид – 19. Луѓето кои страдаат од дијабетес се повеќе склони кон компликации затоа што го зголемуваат воспалението или внатрешните отоци. Овие воспаленија можат да придонесат за поголеми компликации – предупредува д-р Хешам Абуелсоуд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma