Документарец кој ќе даде одговор на некои од бројните прашања за животот на Бритни Спирс (ВИДЕО)

27 јануари, 2021
Framing-Britney-Spears

Бритни Спирс е една од суперsвездите на нашето време со која јавноста е фасцинирана уште од самиот почеток. Нејзината јавна личност беше внимателно создадена за да стане тинејџерска поп-икона која сите ќе ја обожаваат, маска што ја носеше скоро 10 години пред јавноста да биде шокирана од потези во нејзиниот приватен живот како што се избрзан брак, две деца над кои го загуби старателството , неколку рехабилитирања и на крајот прием во психијатриска институција по што таа беше ставена под грижа на нејзиниот татко и адвокати кои имаат право целосно да ги контролираат нејзините финансии, приватниот и деловниот живот. Овој тип на старателство обично се доделува на лица кои не се во можност да се грижат за себе поради нивната ментална состојба или возраст и им дадоа можност на таткото и адвокатот добро да ја искористат ситуацијата пред нив.

И тоа е она што ја привлече јавноста со крајот на 2019 година и се претвори во јавно движење на социјалните мрежи Free Britney. Имено, Бритни Спирс оттогаш беше на суд за да ги смени стандардните услови за старателство и самите старатели кои трајно ќе се грижат за самата Бритни, но и за нејзиниот имот и сопствеништво наместо нејзиниот татко. Целиот случај предизвика лавина реакции околу човековите права.

За да се расветли овој необичен случај кој привлече толку многу внимание во јавноста, T The New York Times ја избра Бритни Спирс како тема за новото издание на својата документарна серија „The New York Times Presents“ Епизодата Framing Britney Spears со Бритни Спирс во Фокус ќе биде објавена на 5 февруари на FX и сервисот за стриминг Hulu, и ќе расчленува само старателство, целата кариера на Бритни и начинот на кој медиумите влијаеле на јавното мислење.

Погледнете го краткиот трејлер – веруваме дека ќе биде интересно!

escort - Korsan taksi