Домашен Јафа колач: Секој што ќе го проба ќе го обожава, а се прави многу лесно!
Докажан рецепт за домашен колач од чоколадо и портокал!
Јафа колачот е популарен низ целиот свет, и иако можеби мислите дека е именуван по популарен бисквит.
Еве го брзиот рецепт за Јафа колачот!
Состојки:
- 180 грама путер
- 180 грама шеќер
- 180 грама брашно
- Кесичка со прашок за пециво
- 3 јајца
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 300 милилитри сок од портокал
- Кесичка со желатин
- 200 милилитри павлака
- 200 грама црно чоколадо
Подготовка:
Загрејте го сокот од портокал во шерпа, не дозволувајте да зоврие и додадете желатин во неа. Мешајте додека не се стопи и истурете ја во длабока чинија, покријте ја со проѕирна фолија и кога ќе се олади, ставете ја во фрижидер.
Изматете ги путерот и шеќерот, додадете ги јајцата и ванилата, а потоа измешајте го брашното со шпатула. Загрејте ја рерната на 160 степени, израмнете го тестото во тркалезна тава и печете 30-35 минути, додека убаво зарумени од сите страни.
Загрејте ја павлаката речиси до вриење, тргнете ја од оган и промешајте го чоколадото. Мешајте додека не се стопи целосно. Прво ставете го желето од портокал на изладената торта, а потоа внимателно прелијте ја чоколадната глазура и изладете ја на собна температура, па послужете.