Многу луѓе имаат проблем со опаѓање на косата, што во повеќето случаи е тесно поврзано со генетиката и стресот. Луѓето кои страдаат од опаѓање на косата често се чувствуваат помалку привлечни, што директно влијае на нивната самодоверба.
Постојат неколку природни намирници кои можат да помогнат кога станува збор за раст и опаѓање на косата, а една од најважните е црн лук, или сокот од црниот лук.
Иако можеби не ви се допаѓа мирисот на лук, ефектот што го има на вашата коса е фантастичен. Лукот помага во циклусот на раст на косата, поради присуството на многу антиоксиданси, што има посебно влијание врз зајакнувањето на функциите на одредени ензими кои спречуваат губење на косата.
Со неговата редовна употреба, ќе го избегнете појавувањето на ќелавост.
Како да направите серум од црн лук?
Серумот е многу лесен за правење, а бидејќи е храна што сигурно ја имате во кујната, не мора да се грижите каде ќе ги купите состојките и колку пари ќе потрошите.
Излупете го кромидот и исечете го на парчиња. Потоа ставете ги во блендер или соковник за да добиете доволно сок.
Ставете го во газа и исцедете го сокот преку садот. Најдобро би било да го префрлите сокот во шише со спреј, бидејќи така ќе ви биде полесно да го нанесете на коренот на косата.
Ако немате шише, исто така можете да користите памучна вата со тоа што ќе ја натопите во течност и ќе ја намачкате во коренот на косата.
Масирајте го скалпот околу пет минути, потоа оставете да делува уште 20 минути и потоа измијте ја косата како и обично. Правете го ова два до три пати неделно.
Косата треба да стане посјајна, погуста и посилна по одреден период.