ДОМАШНИ МАСКИ ЗА ЛИЦЕ! Природни начини да го задржите тенот без воспаленија, дамки и проширени пори!

popara3 октомври, 20211min0
221749_maske2_f

Нема потреба да потрошите мало богатство на скапа козметика кога дома можете да направите совршена маска за лице од состојки кои сигурно веќе ги имате

Маска од домати

Ако ве нервираат темните дамки и кругови, ова дефинитивно е маска што ќе ви одговара. Сè што ви треба е половина домат и малку сок од лимон. За почеток, изблендирајте го доматот додека не добиете пире, а потоа додадете неколку капки сок од лимон. Нанесете ја смесата на лицето со памучен туфер и оставете ја да делува 10 минути. Исплакнете со ладна вода, исушете го лицето и ставете крем за дополнителна хидратација доколку сакате.

Маска од банана

Бананите се совршени за кожата на лицето поради високата содржина на витамини А и Е, а кога ќе ја нанесете оваа маска на кожата, ќе ја направи мека, мазна и хидрирана. Сè што ви треба е една зрела банана. Испасирајте ја со виљушка, нанесете ја смесата на исчистеното лице и оставете 15 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Маска од мед

Медот придонесува за одлична хидратација поради неговата способност да привлекува и задржува влага во епителот. Ако имате сува кожа, пробајте ја оваа едноставна маска. Сè што треба да направите е да земете малку мед и да го нанесете во тенок слој на лицето. Оставете 20 минути и нежно отстранете го прво со топла вода, а потоа со ладна.

Маска со овесна каша

Ако имате сува или комбинирана кожа, ова е идеална маска за вас. Овесната каша делува смирувачко, негувачко и антиинфламаторно дејство. Измешајте една лажица овесна каша со малку топла вода или млеко, ставете ја смесата на лицето, држете 10 минути и исплакнете.

Маска со јогурт

Ако барате храна што ќе ви помогне да ги затегнете порите, јогуртот е совршен за тоа. Маската со јогурт ќе ја исчисти и негува вашата кожа. Нанесете јогурт на туфер, нанесете го на лицето, оставете го 10-15 минути и исплакнете го.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma