Фарок Булсара, за обожавателите на популарната музика попознат како Фреди Меркјури, е роден во септември 1946 година. Во следните редови ќе откриеме неколку факти од животот на покојниот пејач на групата „Queen“, со кои можеби не сте биле запознаени.
Роден е во Занзибар
Таткото на Фреди работел за Британската колонијална служба во Занзибар (сега Танзанија), кога славниот пејач е родена во Стоун Таун во оваа земја. Неговото семејство припаѓало на етничката заедница Парси, чии членови денес претежно живеат во Индија.
Го сменил името во 1970 година
Кога групата Квин беше формирана во 1970 година, Фарок Булсара одлучил да го смени своето име во Фреди Меркјури. Неговите пријатели веќе го нарекувале Фреди уште од времето кога одел во машко училиште во близина на Мумбаи.
Меркјури открил дека боледува од СИДА само еден ден пред неговата смрт
Популарниот пејач и неговиот менаџер долго чекале да дадат соопштение со кое требало да се извести јавноста дека Меркјури боледува од СИДА. Тоа се случило на 23 ноември 1991 година, ден пред неговата смрт.
На поранешната свршеница на Меркјури и припаднал најголемиот дел од неговото наследство
Мари Остин, со која Меркјури беше во врска од 1971 до 1976 година, доби 50% од неговиот имот по смртта на пејачот, но и истиот процент од идната заработка од неговата музика. Таа останала во добри односи со Меркјури и по раскинувањето, а тој ја сметал за негова единствена вистинска пријателка до крајот на животот.
Тој го дизајнирал логото групата
Меркјури завршил графички дизајн на уметнички колеџ, што му помогнало да го дизајнира карактеристичното лого на групата. На него, меѓу другото, можеме да видиме лавови, вили (девици) и еден рак, бидејќи Меркјури сакал да ги обележи членовите на бендот со нивните хороскопски знаци.