Драма во бракот на Ким Кардашијан! Тие се пред развод?!

5 јануари, 2021
ким

Сите се сеќаваат како американскиот рапер, 43-годишниот Канје Вест, емотивно се распадна на сопствената кампања додека се кандидираше за претседател на САД и во солзи откри како Ким и тој прво сакале да го абортираат своето прво дете, седумгодишната ќерка Норт, а потоа и Твитер упати низа други обвинувања и критики кон неговата сопруга, но и неговата свекрва, мајката на Ким, Крис Џенер.

Иако поминаа неколку месеци од неговото јавно „раскинување“, се чини дека времето не и помогна на 40-годишната убавица да ги преболи повредите и предавството. Нема спас за нивниот брак, пишува Мирор, а последниот потег на Канје само го забрза распадот на бракот.

Имено, по испадите на Кание, Ким и тој започнаа да живеат одделно. Поголемиот дел од времето го поминала во Лос Анџелес со своите деца, ќерките Норт и двегодишното Чикаго и синовите, петгодишниот Сент и едногодишниот Псалм и тој на неговиот ранч во Вајоминг. Извор близок на парот открил дека раперот нема намера да се врати во Лос Анџелес и да живее под истиот покрив со семејството.

‘Тој нема намера да се врати во ЛА толку брзо, особено не трајно и Ким се согласува. Канје одвои време и простор да работи на себе и да помине многу време на ранч во Вајоминг, каде се чувствува најдобро “, рекол извор кој верува дека музичарот ја заверил судбината на нивниот брак, во кој тие склучија пред повеќе од шест години.