Пејачката позираше во едноделен, транспарентен бел костим
Британската пејачка, по потекло од Албанија, Дуа Липа (26), привлекува внимание каде и да се појави, а нејзиниот стајлинг зборува сам за себе.
Липа присуствуваше на „iHeart Radio“ фестивалот во Лас Вегас, и по тој повод изнесе интересна модна комбинација.
Таа позираше во едноделно, проѕирно бело одело.
Липа ги истакна градите, со оглед на тоа дека не носеше градник, а долниот дел имаше и син детал, кој се развеа околу половината и нозете на пејачката.
Модните критичари велат дека изгледала како „предизвикувачка Пепелашка на 21 -от век“.