Ким Кардашијан и Канје Вест беа еден од најуспешните парови во Светот, тие се разведоа, но на заплетканата љубов и семејните односи им нема крај. Сепак, се чини дека има голема промена во моментов, а можеби дури и навестување на помирување!
Ким и Канје можеби повеќе не се пар, но не престануваат да се поддржуваат еден со друг во јавноста – и покрај сè!
Една од најпознатите и најбогатите жени во Светот, Ким Кардашијан, заедно со децата Норт (8), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (3), пристигна на прославата и промоцијата на албумот на Канје Вест, под името „ Donda “.
Долго очекуваната промоција на албумот се одржа на стадионот „ Mercedes-Benz “ во Атланта, Џорџија, а најзабележаната личност во публиката, без сомнение, беше Ким. Покрај децата, со неа беше и нејзината сестра Клои Кардашијан.
Откако Ким и Канје се разведоа во февруари, се пишуваше многу за нивната бурна врска, која сега се чини дека е неспоредливо подобра и помирна од порано. Тие функционираат убаво што се однесува до родителството, го поделија старателството и неодамна отпатуваа заедно во Сан Франциско. Според странските медиуми, тие одлучиле да ги стават своите четири деца на прво место.
„Јас секогаш ќе бидам најголемиот обожавател на Канје. Тој е татко на моите деца. Канје секогаш ќе биде семејство“, рече неодамна Ким.
Сепак, се шпекулира и дека Ким очајно сака помирување со поранешниот сопруг. Ким не е најсреќна откако тој влезе во врска со Ирина Шајк, иако се чини дека нивната романса траеше кратко. Шајк не се појави на промоцијата на албумот „ Donda “, а се вели дека двајцата брзо се оладиле еден од друг поради оддалеченоста и некомпатибилноста, пред сè моделот.
Од друга страна, Крис Џенер, мајката на Ким Кардашијан, има план да ги спои својата ќерка и Алекс Родригез, поранешниот свршеник Џеј Ло. Со оглед на тоа дека Ким реши да се појави вечерва во црвена облека, која ја совпадна со Вест, се чини дека повторно е тешко заљубена …