Ана Јовановиќ наводно објавила фотографии од истото место каде што Тошиќ одмарал во тоа време, но на социјалните мрежи негирала дека има нешто со фудбалерот. Јелена исто така ја поддржа
Повторно се случи скандал, а главни актери се српската пејачка Јелена Карлеуша (42) и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ (35). Претходно се шпекулираше дека Душко има љубовници, но парот негираше сè. Истото се случи и со Јелена. Сега, српските медиуми јавуваат дека Душко Тошиќ повторно има афера.
Тој наводно е во врска со блогерката Ана Јовановиќ, која се огласи за аферата. Таа рече дека сето тоа е лага.
– Би сакала да замолам од мое лично име, и од името на другите актери во оваа измислена афера, да престанете да објавувате лажни информации затоа што на овој начин им нанесувате голема штета на две семејства, особено на нашите деца – напиша Ана, која има три деца со пејачот Пеџа Јовановиќ.
Српските медиуми наведуваат дека Ана објавила фотографија од истото место во Дубаи, каде Тошиќ одмарал во тоа време, но ги избришала објавите бидејќи се плашела некој да не ги поврзе.
Поради аферата се огласи и Јелена Карлеуша.
– Драга Ана, тие треба само да се жалат затоа што животот во толку многу омраза и зло не е живот – рече Карлеуша.
Според српските медиуми, Душко и Ана се гледаат веќе една година и заедно одат на забави.