Популарниот пејач Џастин Бибер, во својот документарен филм, откри дека би сакал да стане татко што е можно поскоро, додека неговата сопруга Хејли имаше прилично студена реакција на тоа.
Имено, откако пејачот и манекенката ја започнаа својата врска, а потоа и нивниот брак, медиумите не престануваат да зујат за нивната врска, а честопати несоодветното однесување на Џастин придонесе за гласини.
И покрај се, тие секогаш тврдеа дека се повеќе заљубени од кога било, и дека нивната врска е идеална.
Меѓутоа, дека Хејли не е добра девојка која ќе трпи се за љубовта на Џастин, се докажа и кога го оттурна својот сопруг на Мет Гала да позира сама, како и нејзината неодамнешна изјава „дека толку сакала да стане мајка , но дека таа сега не брза “, како и дека би го абортирала бебето на Џастин ако остане бремена сега.
Сепак, Бибер тврди спротивно во новиот документарен филм за неговиот живот.
Имено, тој ѝ рекол на Хејли дека е подготвен да работат на бебето оваа година.
„Веќе оваа година?“, изненадено го праша Хејли, на што Џастин рече дека се зависи од неа, но дека сака што поскоро да стане татко, пренесува People.
Потоа следеше тажен израз на лицето на манекенката и нејзиното: „Ќе видиме“, поради што фановите ја коментираа контроверзната ситуација.
Додека едни се убедени дека Хејли се премислува поради менталната состојба на Џастин, која не е најдобра, други се на мислење дека нејзината кариера е на прво место, и дека се уште е млада за толку голема одлука.
Други веруваат дека таа е неодлучна поради сликата што Џастин ја прави за неа во јавноста и дека не е сигурна дали воопшто сака да остане во брак, иако го сака.