Џенифер Лопез неодамна ја раскина свршувачката со бејзбол играчот Алекс Родригез, но нема време за тагување. Пејачката, актерката и претприемач заблеска на концертот Вакс Лајв во Лос Анџелес кој имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на вакцините.
Латино дивата за време на настапот смени четири аутфити. Најголемо внимание беше посветено на ефективното боди во светли бои во кое Џеј Ло покажа дека со макотрпни тренинзи и здрава исхрана го довела своето тело до совршенство.
Џенифер се пофали со фотографиите на својот Инстаграм и собра скоро 2,5 милиони лајкови. Изгледа дека косата во високо опавче, ефективната облека, драматичната шминка и накитот беа полн погодок за настапот за кој долго ќе се зборува.