Џеј Ло откри каква храна никогаш не јаде: Смета дека тоа е тајната на нејзиниот младешки изглед!

popara12 февруари, 20212min0
dzenifer-lopez-1-830x0

Актерката и пејачка внимателно ја негуваат својата кожа

Познатата убавица Џенифер Лопез, иако е во шестата деценија, изгледа одлично. На голема радост на многу жени ширум Светот, пејачката и актерка, за која многумина сметаат дека е една од најубавите жени во Светот, ја открива тајната на нејзиниот младешки изглед.

Од дваесеттите години, Џеј Ло користи крем за сончање со фактор 30, кој ја штити кожата од штетни УВ зраци кои го забрзуваат стареењето на кожата.

Џенифер тврди дека никогаш не го прескокнува овој важен чекор што ѝ помага да го задржи младешкиот изглед.

Покрај тоа, 51-годишната девојка сега откри една храна што никогаш не ја јаде, бидејќи, како што тврди, ако ја конзумирала често, би изгледала многу постара.

Тоа се супи од ќесичка кои се полни со натриум кој апсорбира вода во нашето тело. Дехидрираноста ја суши кожата, поради што често се појавуваат брчки.

Ако не можете да се откажете од ова јадење, изберете супи со висока содржина на квалитетен зеленчук, со што помалку конзерванси и сол.

Лопез тврди дека покрај супата од кесичката, треба да се избегнуваат и енергетските пијалоци бидејќи содржат шеќер и кофеин – две супстанции кои воопшто не се добри за нашата кожа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma