Џенифер Анистон преку својот портпарол ја демантираше веста дека посвојува дете и дека ќе стане мајка.
Откако светските медиуми ја пренесоа веста дека актерката Џенифер Анистон одлучила да посвои девојче од сиропиталиштето во Мексико Каза Хогар Сион и дека ги споделила вестите со најблиските, нејзиниот портпарол се огласи и ги демантираше написите.
„Приказната е измислена и ништо од тоа не се случило, а не се ни случува“, изјави за Дејли Меил портпаролката на 52-годишната sвезда и ги разочара нејзините обожаватели кои беа развеселени од веста за посвојувањето.
Имено, британското списание Клосер ги пренесе првите вести дека Џенифер се решила за посвојување кое ќе биде реализирано во јуни, и дека тоа го објавила на тимот на снимањето на новите епизоди на хит серијата „Пријатели“.
Ова не е првпат да се пишува на оваа тема, во последните неколку години таа веќе се најде во центарот на вниманието со приказни за посвојување, за кои се покажа дека се лажни, но никогаш не ја исклучи можноста да стане мајка .
“Џен сметаше дека повторното обединување на тимот на” Пријатели “е совршено време да ја соопшти добрата вест. Иако Кортни и Лиса веќе го знаеја тоа затоа што редовно се дружи и слуша со нив, сметаше дека ќе биде посебно кога ќе го каже тоа додека се заедно и со машкиот дел, бидејќи со нив се гледа малку поретко. Тие го поминувааа скоро секој ден заедно цела деценија, поминаа заедно низ и се поддржуваа едни со други во тешките времиња, вклучувајќи го и болниот развод на Џенифер со Бред Пит. Значи, таа сакаше да ја сподели оваа важна вест, што за неа всушност значи пресвртна точка во животот, додека сите се заедно. Сите беа пресреќни поради тоа, а некои веќе и дадоа родителски совет “, им рекол анонимен извор.
Џенифер никогаш не зборувала за ова во јавноста, а како и овој пат во некои ситуации остро го негираше тоа.