
Без оглед дали е облечена или соголена, нејзините објави се непогрешливи
Џенифер Лопез, светски познатата пејачка и актерка, реши уште еднаш да покаже зошто доминира со изгледот дури и во шестата деценија
– Некои од моите омилени моменти од снимањето – напиша Џеј Ло, која е совршена и на 52 години.
Без оглед дали е облечена или соголена, нејзините објави се непогрешливи, па за само два часа собра скоро 700.000 лајкови и немаше негативни коментари.
На сликата, што е можеби една од нејзините најпровокативни, таа е облечена во бањарка и седи опуштено на креветот, а сликата и тоа како остава простор за слободна фантазија, бидејќи ги покажа голите нозе во секси поза.