Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез (51) на својот Инстаграм профил објави видео во кое е снимена тотално природна, без трошка шминка.
Нејзината снимка на утринската рутина собра над 5,6 милиони прегледи.
„Имаш лице како бебе“, „Изгледаш многу добро“, „Толку си убава“, „Блескаш“, „Изгледаш помладо“, напишаа воодушевените следбеници во коментарите.
Пред да објави на сторијата на Инстаграм, пејачката објави фотографија од кревет, исто така без шминка, додека има неуредна пунџа на главата.
Нејзиниот сјаен изглед многумина го припишуваа на нејзиното ново/старо момче Бен Афлек (48), со кого влезе во врска по раскинувањето со вереникот Алекс Родригез (45).