Џенифер Лопез блескаше во карирани детали.
Џенифер Лопез и Бен Афлек, пар за кој многу се зборува оваа година. Сега тие го означија почетокот на есента со лесна прошетка во паркот во Њу Јорк.
Видно вљубениот пар беше фотографиран викендов. Џенифер Лопез носеше елегантен кариран зелен капут и соодветен долг фустан.
Бен останува доследен на својот класичен изглед, облечен во црна маица со јака, панталони во иста боја и темно сив мантил.
Пред оваа прошетка, Џенифер настапи на настанот Global Citizen Live, каде ги испеа своите најголеми хитови.