Џенифер Лопез ја потврди ВРСКАТА со Бен Афлек, целиот Свет зуи за РЕЧЕНИЦАТА која ја изговори!
Анонимен извор за „People“ потврди дека парот нема време за некои големи љубовни планови.
Латино дивата Џенифер Лопез (51) повторно ги заинтригира сите, а многумина коментираат дека таа некако ја потврдила врската со нејзиниот поранешен свршеник, актерот Бен Афлек (48).
– Сите албуми се посебни за мене, но „This Is Me… Then“ ми е омилен – напиша таа на Instagram, со компилација од најпознати песни од тој албум, а она што е интересно е дека Бен е во него .
Имено, Бен имаше голема улога во спотот за песната „Jenny from the Block“, тие се бакнуваат во спотот, поминуваат време заедно на јахта и актерот ја бакнува Џенифер на задникот. По 17 години откако ја раскинаа свршувачката, светските медиуми зујат за помирувањето на славната пејачка и актерот, кој неколку пати бил „фатен“ во нејзино друштво, како пред нејзината куќа, така и во нејзиниот автомобил.
Тие наводно поминале една недела на романтичен одмор во Монтана, додека нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез се обидува да се смири со пејачката и се чувствува повреден поради сè.
– Се слушаат секој ден и планираат да се видат повторно. Џенифер е многу возбудена за тоа како се одвиваат работите со Бен – изјавил анонимен извор за „People“.
Анонимен извор изјави за „People“ дека парот нема големи љубовни планови, затоа што и двајцата имаат деца со кои сакаат да поминуваат време, но и деловни обврски.