Џенифер Лопез влегува во новата година со солзи во очите, се „скрши“ за време на емотивниот говор на новогодишниот концерт

popara1 јануари, 20214min0
dzenifer-lopez-830x0

Нејзиниот вереник Алекс Родригез стоеше во близина на сцената, а очите му се насолзија во моментот кога трепереше гласот на Џенифер.

Џенифер Лопез (51) настапи синоќа на Тајмс Сквер во Њу Јорк, во пресрет на 2021 година.

Латино дивата имаше фасцинантен костум, изведбата, како и обично, беше повеќе од моќна и со силни зборови им се обраќаше на сите што го гледаа преносот.

Нејзиниот свршеник Алекс Родригез стоеше близу сцената, а очите му се насолзија во моментот кога трепереше и гласот на Џенифер.

– Успеавме! 2020 година заврши – рече возбудената Џенифер на почетокот.

– Годината ја започнав со најголемиот настап во мојот живот, кога јас и Шакира одржавме концерт во Суперболот. Илјадници луѓе беа. Сепак, вечерва работите се малку поинакви и тоа е во ред. Ако оваа година нѐ научи нешто, тоа е да бидеме благодарни за сè што имаме и да го цениме секој момент. Изгубивме премногу. Премногу… – рече Џеј Ло со растреперен глас.

– Вечерва ќе продолжиме со живот и ќе продолжиме да сонуваме – рече таа.

Инаку, Џенифер пристигна на новогодишниот перформанс со метро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag