Џесика Алба се одлучи да направи промена.
Холивудската актерка, одлучи да зачекори во есента во поинакво издание. Имено, популарната бринета ја промени бојата на косата. Џесика овој пат одлучи да носи боја на темно чоколадо.
Актерката е фотографирана во градот Санта Моника во портокалово издание од глава до пети и со изменета боја на косата.
Џесика се одлучи за вистински есенски изглед, па комбинацијата од портокалови панталони и маичка во комбинација со долг беж кардиган е одлична за завршување на секојдневните обврски низ градот.
Џесика Алба (40) е во брак од 2008 година со филмскиот продуцент Кеш Ворен, со кого има три деца.
Филмската кариера ја започна на 13 -годишна возраст и оттогаш има големи успеси во светот на филмот