Позната по својот беспрекорно елегантен стил, Кејт Мидлтон секогаш избира фустани и палта универзален крој за јавни должности. Сепак, понекогаш изненадува со многу освежувачки лежерен стајлинг, исто како овој пат кога го привлече вниманието со модна комбинација што ќе ви се најде во гардеробата.
Распоредот на кралските должности на војвотката од Кембриџ, по олеснувањето на епидемиолошките мерки, е прилично бурен. Таа исто така го посети Природонаучниот музеј во Лондон и со посета на градините со дива флора и фауна, се сретна со локални ученици и научи повеќе за тоа како заедниците низ Велика Британија ќе имаат корист од Проектот за урбана природа што го започна Музејот оваа година.
За обиколка на музејот и поминување време со децата, Кејт избра многу лежерен, но истовремено и впечатлив стајлинг. Овој пат играше безбедно и не погреши и уште еднаш успешно комбинираше поскапи и поевтини модни парчиња. ,,& Other Stories”, светли фармерки со висок струк ја истакнаа нејзината витка фигура, а таа во комбинација обична бела маичка со потписот на Ралф Лорен со обично палто Клои украсено со интересни детали, ккое го красат интересни ракави, нагласен струк и поголеми џебови.
Со палтото што е секако најимпресивниот дел од оваа шик комбинација, Кејт ги комбинираше многу популарните бели патики Веја, кои ги носат речиси сите трендсетерки и љубители на модата оваа сезона.
Како последен детал, Кејт стави неверојатни ѓердани од ,,Spells of Love ” Орелија околу нејзиниот врат, чиј дизајн е потпишан од Даниела Дрејпер.