Ако барате сексуален совет, тогаш некои од професионалците од сексуалната индустрија би можеле да ви се најдат. Бидејќи сексот им е секојдневие, актерите од 18+ филмовите знаат многу корисни трикови, а во интервју за „Whimn“, еротската sвезда Даиза Морган откри грешка што многу парови ја прават во кревет.
Таа вели дека големата грешка на многу жени е што одбиваат да користат лубриканти, така што сексот може да биде малку непријатен поради потешката пенетрација. Исто така, може да предизвика триење или иритација, што не е чувството што го сакате кога им се препуштате на страстите со партнерот.
Даиза вели дека самата не користела лубриканти додека не започнала да работи во индустријата за филмови за возрасни, а сега не може да го замисли сексот без нив.
„Верувам дека постои чудна стигма што преовладува кај жените кои користат лубриканти – тоа е „показател“дека стареете. Погрешно! Без оглед на возраста, нивото на хормоните или влажноста, дополнителното подмачкување никогаш не е лошо. Тоа го прави сексот многу попријатен“, објаснува таа.
Таа посочи дека и постојат многу различни видови лубриканти, така што секоја жена може да најде некои по нејзин вкус, и смета дека најдобрите се оние на база на вода.