Еден од најпознатите и најдобрите холивудски актери, Џек Николсон (84), според еден негов пријател, не излегол од куќата една година, а причината за тоа најверојатно е болест.
Николсон не излегува од дома, бидејќи, како што тврдат неговите блиски пријатели, тој боледува од деменција.
Актерската легенда ги живее „тажните последни денови“ во својата вила во Беверли Хилс.
– Џек и јас сме пријатели со години и тој воопшто не ја напушта својата куќа. Неговиот син и ќерка се грижат за него – изјавил негов пријател за „Радар Онлајн“.
Иако актерот има пет деца, најчесто е фотографиран во друштво на ќерката Лорен и синот Рај.
– Физички е добро, но психички не е најдобро. Навистина е многу тажно да се види како актер како Џек си оди на овој начин – рекол изворот.
Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ (“How Do You Know”) од 2010 година.