Летната мода не е толку едноставна како што можеби изгледа! Еден погрешен потег може да го претвори вашиот внимателно одбран стајлинг во пропаст, а тоа не мора да има врска ниту со тоа дали сте одбрале помалку трендовско парче, туку многу различни ситници.
Овие вообичаени модни грешки мора да ги избегнете не само ова лето, туку и во сите претстојни летни сезони и годините што доаѓаат:
1. ПРЕМНОГУ ДОДАТОЦИ
Ова го правиме можеби дури и секоја сезона и јасно е дека „премногу“ не е секогаш толку добра работа! Многу додатоци, колку и да се трендовски, можат да го уништат целокупниот впечаток и целиот стајлинг.
Лесно е да се претера со додатоците, особено во лето, но запомнете дека со добра торба, доволно е да понесете 1 или 2 стејтмент парчиња накит. Изгледот тогаш е комплетен!
2. ПРЕМНОГУ БОИ
Тоа што надвор е сончево, не значи дека треба да се облечеме во сите бои што постојат. Ова лето носи неутрална палета на бои кои ќе ги комбинираме, а од тоа ќе „одскокнат“ по некои похрабри бои.
Белата боја е секогаш добар избор за топлите денови, и добро одговара со јарките бои, доколку не можете да ги избегнете. Внимание: две светли бои можат совршено да се комбинираат, но третата е тотален вишок … Докажана формула е да комбинирате две нијанси од исто „семејство на бои“.
3. ПОГРЕШЕН ГРАДНИК
Навистина, слатките топчиња можат да и ласкаат на фигурата и да бидат главен летен адут, но без добар градник, ништо нема да изгледа како што сте замислиле. Важно е да изберете добар градник што не се гледа низ гардеробата, не е премногу тесен, чии прерамки не оставаат трага…
Истото важи и за долната облека: ако нешто се гледа низ гардеробата, или поради бојата или поради погрешната големина, остава впечаток за ефтиност, а тоа не е ничија цел.
4. ПРЕТЕСНА ГАРДЕРОБА
Тесната гардероба во текот на летото може да ја истакне вашата витка линија и да ги покаже резултатите од диетата на најдобар можен начин, но не секогаш е идеална опција. Недостатокот на циркулација може да доведе до сосема спротивен впечаток од оној што сте сакале да го постигнете.
„Сауна“ ефектот ќе расипе сè, затоа изберете внимателно! Потењето лесно се забележува во текот на летото, и не заборавајте дека поголемата облека е многу тренди. Или, ако не можете да ги избегнете тесните парчиња, изберете го тоа парче облека што нема да открие дека се потите, бојата е исто така важна…
5. ПОГРЕШЕН МАТЕРИЈАЛ
Заборавете на синтетиката! Памукот и ленот се се што ви треба. Откажете се од неприродните материјали кои не и дозволуваат на кожата да дише.
Вашите императиви за топло време нека бидат лесно и прозрачно…